Џејмс ле Мезури, основачот на организацијата што ја обучуваше сириската група за итни интервенции „Бели шлемови“ утрово е пронајден мртов во близина на својот дом во Истанбул.
Се уште не се познати околностите за неговата смрт.
„Белите шлемови“ е организација која спаси илјадници луѓе од териториите што беа под контрола на бунтовниците, а беа бомбардирани од силите на сириската Влада.
Невладината организација има канцеларија во Амстердам и во Истанбул, а чии проекти се финансирани од Обединети нации и влади.