Основачката на #MeToo во Франција осудена за клевета

44

Сандра Мулер, жената која започна кампања во Франција за да ги охрабри жените да ги разоткријат лицата кои сексуално ги вознемирувале е осудена за клевета по тужбата поднесена против неа од страна на маж што таа го обвини за вознемирување.

Согласно пресудата, на поранешниот телевизиски извршен директор Ерик Брион таа мора да му исплати отштета од 20.000 евра, пренесува Би-Би-Си.

– Загубив на суд, но другите жени победија – рече таа и додаде дека ќе поднесе жалба.

Исто така, Судот наложи таа да избрише твит од 2017 година во кој се наведува името на Брион и наместо тоа да ги додаде изјавите од судот.

Во октомври 2017 година, Мулер на Твитер напиша: „Секоја од вас може да именува маж кој ја малтретирал на работното место“. Неколку часа подоцна таа додаде дека Брион и рекол: „Имаш големи гради. Ти си мој тип на жена. Од мене ќе имаш оргазами цела ноќ“.

Брион тврди дека тој никогаш не работел со Мулер, и дека неговите зборови биле „невино флертување“ што еднаш го кажал на забава. Тој додаде дека откако таа го одбила, тој и се извинил.

Брион уште истакна дека кампањата која Мулер ја покренала на социјалните мрежи го довела на лош глас и му отежнало да најде работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...