Османи: Користа од спроведувањето на ИПА 2 директно ќе ја почувствуваат граѓаните

122

Спроведувањето на ИПА во Република Северна Македонија се одвива со добра динамика, што е од особена важност имајќи ја предвид чувствителноста на периодот за нашите европски интеграции, рече вицепремиерот Бујар Османи кој претседаваше со четвртиот Мониторинг комитет за ИПА заедно со Дејвид Кулен од Генералниот директорат за проширување и соседска политика (DG NEAR), на кој присуствуваа и претставници од Европската комисија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

– Иако се соочуваме со одредени предизвици, веќе ја затворивме програмата ИПА 1 и сега можеме целосно да се посветиме на спроведувањето на ИПА 2. Имаме амбициозни програми чија реализација значително ќе влијаат во подобрувањето на стандардот на граѓаните, но ќе имаат и особено значење во приближувањето на институциите, на државата и воопшто на земјата кон стандардите на ЕУ 0 истакна Османи.

На состанокот беа разгледани и статусите на имплементација на ИПА 1 и 2, како и сите ревизии нарачани од страна на ГД НЕАР, соодветно ажурирани од страна на националните институции и се констатираа следните информации: програмирањето на ИПА 2 речиси целосно (96%) завршено; за една петтина од нив, или за 23% од програмите има склучени договори; а за одреден дел, или за 12% од склучените договори, веќе се извршени и исплати кон изведувачите.

Мониторинг комитетот претставува највисока форма на соработка со службите на Европската Унија, чија цел е да се направи преглед на целокупната ефективност, ефикасност, квалитет, кохерентност, координација и усогласеност на спроведувањето на активностите во рамки на ИПА и исполнувањето на нивните цели, како и размена на информации и согласности за активностите кои ќе се преземаат во наредниот период.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...