Османи: ЕУ-агендата создава подобри услови за бизнисот

76

Зголемување на конкурентноста, сивата економија, правната стабилност и предвидливоста во приватниот сектор претставуваат клучни предизвици за бизнис секторот и Владата е сериозно посветена во напорите да обезбеди соодветни услови за водење бизнис, особено во рамките на реформскиот процес кој произлегуваа од европската агенда, истакна вицепремиерот Бујар Османи на вториот состанок на Секторскиот мониторинг комитет за конкурентност, иновации и земјоделство.

Османи додаде дека целиот процес на европски интеграции е во насока да се обезбедат подобри услови за земјоделците, за претприемачите, секако иноваторите и сите сегменти од бизнис секторот.

Во рамки на состанокот со свои презентации учествуваа донаторите, претставниците на ресорните министерства, при што заеднички беше констатирано дека напредокот во ИПАРД е очигледен и тоа преку реализацијата на проектите како и склучените 940 договори со лицата кои успешно аплицирале од првиот повик во вкупен износ од 18 милиони евра.

На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, донаторите во земјава како Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, претставници на четирите стопански комори во РМ како и претставници од ресорните министерства. Целта на овие состаноци е по дискусијата за напредокот на спроведување на програмите, низ дијалог на членовите да се договорат препораки за подобрување на спроведувањето на акциските програми во наредниот период и истите се одржуваат два пати во годината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...