Оскаровката откри: 35 години не сум била со маж!

Никогаш не сакав да се омажам, да бидам нечија сопруга. Не мислам дека сум тажна поради тоа, навистина сум среќна што никогаш не се омажив, рекла оскаровката.

4726

Актерката Дајан Китон во едно интервју рече дека не била на љубовен состанок речиси четири децении и дека не ѝ недостасува маж во нејзиниот живот.

– Имам 73 години и не одам на состаноци. Никој не ми се јавува. Баш никој, разбирате? Не сум излегла со маж веќе 35 години. Имам мажи, кои сметам за пријатели, но не излегувам со нив – изјавила таа за магазинот „Ин стајл“.

– Никогаш не сакав да се омажам, да бидам нечија сопруга. Имам толку многу години и мислам дека сум единствената од мојата, можеби дури и од претходната генерација, која е сингл целиот свој живот. Не мислам дека сум тажна поради тоа, навистина сум среќна што никогаш не се омажив – рекла оскаровката.


– Кога бев млада, сакав да ме сакаат сите тие извонредни мажи. Не требаше да дозволам да ме заведе таленттот. Кога и двајцата се занимавате со истата работа, тоа не е сјајно. Можеби требаше да најдам некој супер тип кој би сакал семејство – рекла таа.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...