Попоски кој со своја презентација учествуваше на панелот за пристапот на регулаторотите во однос на третманот на долгорочни финанскски производи во осигурувањето и пензиските фондови, ги истакна позитивните резултати во развојот на осигурувањето на живот во последната деценија.
– Ефективна, ефикасна и независна супервизија која ги имплементира во своето работење меѓународните регулаторни принципи пропишани од страна на Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори, хармонизирање се европските осигурителни директиви, активностите на финансика едукација, како и поволниот макроекономски амбиент, монетарна и финансиска стабилност и силно присуство на осигурителни групации од ЕУ во нашата земја, претставуваат клучни фактори за постигнатите резултати – посочи Попоски.
На панелот се разговараше за сличностите и разликите меѓу регулаторниот третман на долгорочните производи во осигурителниот и пензискиот сектор, како и за трендовите во осигурување и пензии.
Конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување на 11 и 12 април во Братислава ја организираа Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS), Меѓународната организација на пензиски супервизори (IOPS), Организацијата за економска соработка и развој (OECD) и Народна банка на Република Словачка (NBS). Целта на настанот беше да се согледа важноста на акумулирањето и управувањето на средствата и обврските на начин кој ќе обезбеди поддршка за раст и сигурност на приходите од пензија.