Осветлените паркинг места резервирани за жените поради опасност од силување

108

Германец покрена тужба за дискриминација против градот Ајхштат поради одлуката на градската управа – неколку паркинг места да ги резервира само за жени, што е воведено по случај со силување во тој дел од градот.

Откако една жена во 2016 година била жртва на сексуален напад, градските власти одлучија неколку добро осветлени места со поволна местоположба да бидат наменети само за жени.

Но, во случај нив да ги искористи маж, тој сепак не би се соочил со парична казна, ниту пак, со тужба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...