Оровчанец: Извезувме пченица, но увезуваме брашно

Оровчанев вели дека е нелогично тоа што македонската пченица е добра за извоз, но не е добра со квалитетот за домашната преработувачка индустрија.  

298

До 11,5 денари за килограм е моменталната откупна цена на пченицата која беше неоткупена во Битолско. Но оваа пченица не оди на домашниот пазар туку се извезува во Грција и Албанија, изјави претседателот на Агрокомората при Сојузот на стопанските комори Огнен Оровчанец на денешната прес-конференција.

Според него, нелогично е тоа што македонската пченица е добра за извоз, но не е добра со квалитетот за домашната мелничка и преработувачка индустрија.

Преработувачите, пак, тврдат дека за нив е важен квалитетот и цената на пченицата не е важно од каде доаѓа.

– Во однос на брашното реагираме согласно пазарните услови. Мора да бидеме логични и разумни. Изборот е секогаш најдобар квалитет за најдобра цена или најдобра цена за најдобар квалитет. Тоа е пресудно. Не можеме да навлегуваме во тоа дали пченицата е од Македонија, Србија или други држави – вели  Горан Ѓорѓиевски од пекарницата „Специјал“.

Тој информира дека цената на брашното е 30 отсто зголемена и изнесува 240 до 250 евра за тон, додека лани беше 180 евра, но кај пекарските производи сѐ уште нема поскапување и тие засега се најевтини во регионот и Европа.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...