„Оревокршачка“ со двојна изведба во МОБ

624

Македонската опера и балет најави двојна изведба на балетот „Оревокршачка“ на 30 јануари и на 2 февруари, со почеток во 20 часот. Музиката е на Петар Илич Чајковски.

Во улогата на Клара настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (30.1..2019) и Мими Поп Алексова Атанасовска (2.2.2019), Принц е Бобан Ковачевски, Мала Клара е Бојана Арсовска, истакнати солисти, солисти, целиот балетски ансамбл и ученици од ДМБУЦ – балетски оддел, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...