Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека западните земји во Европската унија патат од „замор од проширување“ и новите членки ги користат како жртвени јагниња за своите проблеми.
Орбан, исто така, во изјава за државното радио укажа дека земјите како Србија да беа членки на ЕУ, во време на мигрантската криза во 2015 година „ илегалната миграција немаше да стигне до Германија“
Унгарскиот премиер каже дека очекува поранешниот министер за правда Ласло Трочањи, именуван за нов еврокомесар за проширување, да се соочи “со врели моменти“ за време на претстојното сослушување во Европскиот Парламент што треба да го одобри новиот состав на Европската Унија.
Унгарија е соочена со отвоена постапка во ЕУ за почитување на владеењето на правото и демократските процедури, вклучувајќи ги и законите усвоени додека Трочањи бил министер за правда. Орбан, меѓутоа, вели дека на Трочањи не може ништо професионално да му се забележи и дека единственото нешто што може да му се забележи е „тоа што е Унгарец“.