Орбан му се заблагодари на Салвини за спречување на илегалната миграција

92
ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до лидерот на италијанската десничарска Лига, Матео Салвини во кое му заблагодарува на напорите да го спречи приливот на илегални мигранти во Европа.

– Ние, Унгарците, никогаш нема да заборавиме дека бевте првиот западноевропски лидер кој се обиде да ги спречи илегалните мигранти да ја преплават Европа преку Средоземно Море – напиша Орбан во писмото, кое на новинарите им го прочита неговиот шеф на кабинетот Берталан Хаваси.

Без разлика на идниот политички развој во Италија и фактот дека припаѓаме на различни групи во Европскиот парламент, „Вас ве сметаме за брат по оружје во борбата да го зачуваме европското христијанско наследство и да ја спречиме миграцијата“, наведува Орбан во писмото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...