Орбан: Луѓето имаат право да знаат каква намера има Брисел

128
ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави оти луѓето имаат право да знаат „каква намера има Брисел”, наведувајќи дека прашањето за имиграцијата „е во игра за изборите на Европскиот Парламент”, закажани за мај оваа година.

Орбан во интервју за унгарското државно радио рече дека неговата Влада од неодамна почнатата кампања преку билборди „ќе ги разоткрие плановите на бриселската бирократија”.

Тој наведе дека сегашното „проимигрантско“ мнозинство во ЕП се обидува да ја зголеми имиграцијата, што е еднакво на тоа Европа да им биде одземена на Европејците.

Орбан ја бранеше пропагандната кампања против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој е претставен како делува во име на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Орбан оцени дека оваа кампања е „базирана на факти“ и дека Јункер е одговорен за тоа што „дозволи Велика Британија да ја напушти ЕУ, а ги доведе мигрантите” во ЕУ.

Кампањата на унгарската Влада претходно беше осудена од страна на Европската комисија, како и самиот Јункер, кој рече дека партијата на Орбан, Фридес треба да се повлече од членството на конзервативната Европска народна партија.

ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...