Орбан: ЕУ направи сериозни грешки со економијата и миграцијата

114

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека ЕУ во изминатите пет години направи сериозни грешки, пред се, во економијата и миграцијата.

Говорејќи на Унгарскиот културен фестивал во Романија, Орбан кажа дека Европската комисија треба на Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ да му овозможи да одлучува за прашањата за миграцијата, пренесоа американските медиуми.

Орбан се осврна и на, како што кажа, „политичкиот активизам на Европската комисија кон унгарската Влада“, истакнувајќи дека ЕК треба да се однесува како чувар на спогодбата за ЕУ и да го напушти политичкиот активизам.

– Таа не е политичко тело, не треба да има програма и да врши политички напади врз свои членки – рече Орбан.

Според него, време е Европа да се врати кон идеалот на „конкурентска европска економија“.

Фото: EPA/Szilard Koszticsak

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...