Општините ќе штедат енергија со улично осветлување и мали системи за греење

Маврово-Ростуше, Василево, Валандово, Радовиш, Македонска Каменица и Пробиштип се првите пилот општини каде што ќе се спроведува проектот.

210

Општините преку проект финансиран од Европската унија ќе имаат можност наредните 18 маесеци да обезбедат енергетско ефикасно улично осветлување, мали дистрибутивни системи за греење и водоснабдување. Прокетот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство со ЕСКО компании. Проектите се реализираат преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ги подготвува потребните документи и договори.

Интерес за овој проект покажале 20 општини во земјава, а шест од нив веќе се вклучени во делот со улично осветлување и мал дистрибутивен систем за греење.

Здравко Стефановски, координатор на проектот на ЕБОР на денешниот прес во Стопанската комора информира дека секоја компанија која има интерес да се вклучи во преоктот и имаат дејност која одговара на проектот може да стане ЕСКО компанија и да потпише договор за јавно -приватно партнерство со општините.

Маврово-Ростуше, Василево, Валандово, Радовиш, Македонска Каменица и Пробиштип се првите пилот општини каде што ќе се спроведува проектот.

– Од заштедата на енергија, директен бенефит ќе имаат општините. Финансирањето, изведбата и гаранциите ги сносат ЕСКО компаниите, а јавниот сектор односно општините го плаќаат ануитетот према ЕСКО компаниите, исклучиво преку заштедата на енергија во месечни ануитети. Тоа значи дека по завршувањето на договорот меѓу ЕСКО компанијата и општината, во целост заштедата на енергија и опремата остануваат на јавниот партнер. За таа цел Европската банка презема со себе да го помогне целиот овој процес. Ги подготвува т.н. „Energy performance“ договори, односно фирмите што ќе даваат услуги во јавниот сектор, а се со цел за успешно спроведување на истиот- рече Стефановски.

Стефановски очекува наредниот месец, најдоцна до 15 јуни, тендерската документација да биде објавена, а во меѓувреме, како што информира, овие општини ја припремаат целокупната техничка документација и спецификација што ќе биде основ, ќе подлежи на ревизии и ЕСКО компаниите ќе можат да излезат со свои понуди према јавниот сектор.

Стефановски вели дека од значење е во проектот да се вклучат и банките.

Проектот ќе биде тема и на работилница која ја организира Стопанската комора на 15 мај. Ќе бидат организирани три сесии. Во првата се поканети општините што изразиле интерес за учество на проектот, во втората сесија се банките што треба да ги поддржат ЕСКО компаниите во спроведувањерто на проектите во јавниот сектор, додека во третиот дел се повикани сите заинтересирани фирми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...