Седумдесет и осум општини во земјава ги подобрија условите за граѓаните преку реализација на 135 подпроекти во вредност од 1,3 милијарди денари. Средствата, обезбедени од ЕУ ИПА, државниот буџет во партнерство со Светска банка, се искористени во 98 проценти. Овие проекти вклучуваа реконструкција и изградба на патната инфраструктура, јавни згради, набавка на комунална опрема, инсталирање фотоволтаични системи, изградба на градинки и училишта, системи за водоснабдување, регулација на речни корита и канализациски мрежи.
Ова беше посочено на денешниот завршен наста на проектот на кој беше најавено дека се разговара и за ново финансирање од 78 милиони евра наменети за патишта.
Премиерот Зоран Заев потенцира дека со реализација на проектите е направено нешто што е важно за општините и Владата.
Посочи дека успешно се реализирани 135 подпроекти во 78 општини, и изрази благодарност до ЕУ и Светска банка за поддршка на реализација на вакви значајни проекти.
– Инфраструктурните развој на руралните средини се клучни за севкупниот економски развој. Капиталните инвестиции насочени кон нови патишта, нови градинки, училишта…., се наш приоритет. Со поддршка на нашите партнери ЕУ и СБ ја градиме Република Северна Македонија и овозможуваме низ повеќе население места да се подобруваат условите за живот на нашите граѓани – рече Заев.
Оцени дека реализацијата на проектите овозможуваат вистински одржлив економски, социјален и територијален развој.
Министерката за финансии Нина Ангеловска потенцира дека има поддршка џа вакви проекти од ЕУ и Светска банка, но оти реализацијата зависи од нас.
– Да има пат до секој дом, да има училишта…, верувам дека тоа може да биде тоа реалност со заеднички труд, со напорна работа на сите, но со најголема заложба на градоначалниците – порача министерката Ангеловска.
Според неа, дали тоа ќе се случи за две, три, 10 години зависи од нас. Обраќајќи се до градоначалниците посочи дека тие најдобро знаат што е тоа што е потребно на граѓаните.
За евроамбасадорот Самуел Жбогар реализацијата на овие проекти покажува дека ЕУ е одлучна да биде уште поприсутна во општините.
Порача дека е најважно инвестирањето на институциите, одржувањето на она што е изградено, како и промена на свеста на граѓаните.
Најави дека наскоро ќе продолжи кампањата „Чисто како дома исто“.
Марко Мантованели директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава, вели дека покрај реализацијата на проектите е важно да се уврдат и ефектите од реализираните проекти.
Најави дека се разговара за нови 78 милиони евра наменети за патишта.