Општините најодговорни за намалување на отпадот

За остварување на целите подеднаков ангажман треба да имааат централната и локалната власт, невладиниот сектор, бизнисот и граѓаните, вели Каранфиловска-Мазнева.

125

Македонија ќе треба да им даде поголема улога на регионите во процесот на управување со отпад и да формира Агенција за животна средина за да може поуспешно да ги намали количините на отпад кои се создаваат.Тоа ќе ѝ овозможи на земјава полесно да ги имплементира европските критериуми и планови според кои за одреден период треба да се создава нула отпад. Ова на денешната прес-конференција во Стопанската комора го изјави Греам Брн, експерт од Северна Ирска кој е вклучен во подготовката на Националниот план за управување со отпад и Планот за певенција на создавање отпад кои се на јавна расправа.

Тој смета дека во тој процес треба да се користат искуствата на Северна Ирска, каде што со вклучување на регионите во процесот на управување со отпадот се постигнати високи резултати.

– За период од 15 години во Северна Ирска намалено е создавањето на отпад од 9 на 50 отсто – рече Брн.

Ирскиот експерт оцени дека досегашниот национален плкан за управување со отпад одел во детали но не бил стратешки, каков што е новиот.

-Новиот план ги содржи регионалните планови за управување со отпад, целите кои треба да ги посегне Македоснија во патот кон Еу и комуникацијата односно начинот на информирање на граѓаните за тоа – вели тој.

Ана Каранфиловска-Мазнева од Министерството за животан средина соопшти дека главна цел на двата документа е да се превенира создавањето на отпад преку рециклирање и реупотреба но нема да се запостават ниту создавањето управување, мониторинг, увоз-извозот на отпадот.

– За остварување на целите подеднаков ангажман треба да имааат централната и локалната власт, невладиниот сектор, бизнисот и граѓаните – вели Каранфиловска-Мазнева.

Акциониот палн се однесува на периодот 2018 до 2024 година, а законите кои треба да се донесат ќе се донесат до крајот на годината , а дел до средината на наредната година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...