Со мораториумот Општина Центар го усогласува, како што вели Јаќимовски, „законот со уставот“ во градежништвото
Приоритет во работењето на Општина Центар се потребите на граѓаните, кои јасно укажаа дека во Центар се неоходни похумани услови за живеење. Токму затоа, Советот на Општината, согласно своите ингеренции, донесе одлука за стопирање на градбите предвидени во детално урбанистичките планови кои не се усогласени со генералниот урбанистички планна Скопје (2012-2020), соопштија денеска од Општината Центар.
Како што објаснува господинот Јаќимоски, претседател на Градежната комора, во неговата изјава „генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа значи детален урбанистички план е закон во градежништвото“.
За време на овој мораториум, Општина Центар всушност го усогласува „законот со уставот“, односно ДУП-овите со генералниот урбанистички план на Град Скопје.
Истовремено, мораториумот беше единствен начин да се избришат од државно земјиште хотели, станбени единици, висококатници и деловни објекти со големи габарити, а на овие места сега се предвидени зеленило и паркови.
Советот на Општина Центар на 14 март ги усвои првите два детални урбанистички план по мораторимот, ДУП Градска четврт И03, локалитет „Мирче Мацан“ и ДУП Градска Четврт И02, „Ново Маало 1“. Овие планови, освен што се целосно усогласени со Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2020, дополнително имаат и низа придобивки за жителите. И двата ДУП-а се и комплетно услогласени со стандардите и условите за хумано домување.