Опомената станува примарна инспекциска мерка

538

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна, 122 седница, на предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, го разгледа и усвои Предлог-законот за инспекциски надзор, кој има за цел надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на сегашниот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и воедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор, информираа од Владата.

Како специфични цели на овој предлог на Закон, меѓу другото, се предвидуваат превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор, преку воведување на опомена како примарна инспекциска мерка; зголемена сигурност и предвидливост за субјектите на надзор, со задолжителноста на листите на проценка и степенувањето на ризикот, како и подобрување на ефективноста на Инспекцискиот совет преку појасно и попрецизно определување на неговата улога и надлежност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...