Опозицијата незадоволна од ангажирањето на армијата за протестите на Жолтите елеци

46
ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да се распоредат војници за да помогнат во одржувањето на безбедноста за време на протестите на Жолтите елеци планирани за овој викенд предизвика бранувања во Франција, јави дописникот на МИА.

– Вие полудевте, ќе распоредите војници пред јавните згради – изјави синоќа Жан-Лук Меланшон лидерот на Непокорна Франција, во дебатата со другите лидери на шест политичките партии посветена на кризата со Жолтите елеци.

Меланшон истакна дека одржувањето на редот е обврска на полицијата, а не на армијата.

Марин Ле Пен лидерката на Националното обединување и Оливие Фор лидерот на социјалистите,  го поддржаа Меланшон. Ле Пен исто како и лидерот на Републиканците Лоран Вокие бараат оставка од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Франсоа Бајру од Модем, дел од владината коалиција ја бранеше владина мерка истакнувајќи оти тоа е „револуционерна идеја“.

Министерот за внатрешни работи и Владата доби поддршка од поранешната социјалистичка кандидатка за претседател Сеголен Ројал, која ја одобрува употребата на војската за обезбедување на јавните објекти.

Кастанер денеска најави дека за идните саботни демонстрации на силите за редот им е наредено „нулта толеранција“ односно сите виновни за насилни акти ќе бидат гонети.

Во исто време зголемени се и паричните казни за учество во непријавени демонстрации од 38 на 135 евра.

ФОТО: EPA / Juan Ignacio Roncoroni

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...