Турската најголема опозициска Републиканска Народна партија и три опозициски партии постигнаа договор заедно да излезат на парламентарните избори на 24 јуни, јавија турски медиуми повикувајќи се на изјава на неименуван извор од партијата.
Изворот нагласи дека официјалниот договор меѓу ЦХП, Добрата партија, исламистичката партија Саадет и Демократската партија ќе биде формално објавен на прес-конференција в четврток.
Договорот ќе овозможи на помалите опозициски партии да влезат во Парламентот со оглед на тоа дека потребни се најмалку десет отсто од гласовите.
Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган формира Сојуз со Партијата за национално движење.