Во салонот на Македонската опера и балет во петок во 20 часот ќе се одржи популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.
Авторската екипа е составена од: Диригент, Иван Еминовиќ. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), Асс.режисер: Љупка Јакимовска , сценограф, Марија Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, светло дизајн: Васко Лисичов, концерт мајстор: Верица Ламбевска, Асс.хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Билјана Јосифов, Гроф Алмавива: Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Николина Јаневска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски, Камениот човек: Борко Биџовски.
Билетите се веќе во продажба на билетарницата на МОБ, како и online на www.mob.mk