Операта „Змејот од Босна“ утревечер во МОБ

87

Националниот театар од Сараево, Босна и Херцеговина ќе биде гостин на Македонската опера и балет утревечер со изведба на нивната најнова опера „Змејот од Босна“. Македонската публика ќе има можност да ужива во најновото дело на босанскиот композитор Азим Хорозиќ. Либретист е Нијаз Алиспахиќ, додека диригент е гостинот од Хрватска, Нада Матошевиќ-Орешковиќ.

„Змејот од Босна“ е интимна приказна за Хусеин Градашчевиќ (31 август 1802-17 август 1834), кој заради своите решителни ставови и херојската борба против Отоманската империја го добил прекарот „Змеј од Босна“ и станал народен херој и еден од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...