Опасност од создавање суперлуѓе, предупредува Стивен Хокинг во последното обраќање

161

Славниот британски научник Стивен Хокинг во постхумно објавената книга предупредува дека науката и образованието низ целиот свет се сериозно загрозени, тие се во опасност повеќе од кога и да е.

Во книгата „Кратки одговори на големи прашања”, чија промоција се одржа синоќа во Лондон, Хокинг во книгата оценува дека двата настана во 2016 година или изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и британската одлука за референдум за напуштање на ЕУ се дел од „глобален бунт против експерти, вклучувајќи ги и научниците”.

Според него науката допрва треба да даде одговори на големите предизвици на човештвото, како климатските промени, пренаселеноста, исчезнувањето на видови, уништувањето на шумите и деградацијата на океаните, Хокинг преку својата книга ги повика младите луѓе да „гледаат во ѕвездите, а не надолу”.

– Обидете се да му даде значење на она што го гледате, прашајте се што му овозможува постоење на универзумот. Важно е да не се откажете. Ослободете ја вашата имагинација. Обликувајте ја иднината – пишува Хокинг во последната книга.

– Сигурен сум дека луѓето во овој век ќе откријат начин да ја изменат интелигенцијата, но и некои инстинкти како агресијата. Верувам дека ќе биде донесен закон со кој ќе се спречи генетскиот инженеринг, но луѓето тешко успеваат да одолеат на искушенијата, особено кога имаат можност да ја подобрат својата способност за помнење, отпорноста на болести или можноста за продолжување на животот. Кога ќе се појават таквите суперлуѓе, оние кои не се подобрени ќе заостанат. Едноставно нема да можат да се натпреваруваат со нив и најверојатно ќе изумрат. Наместо нив, светот ќе го преплави расата на самодизајнирани луѓе – предвидува научникот во еден од есеите објавени во „The Sunday Times“.

Еден од најпочитуваните научници на нашето време почина во март годинава, на 76 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...