Шведските власти информираат дека опасноста од шумски пожари сѐ уште е висока, откако 50-тина пожари избија во повеќе делови на западот, северот и во централните шуми на земјата.
Полска, Франција, Италија и Норвешка упатија помош за справување со шумските пожари.
Само од Полска беа испратени засилувања од 139 пожарникари и 44 противпожарни возила, за кои Шведска изрази благодарност.