ОН ја критикуваа одлуката на САД да ја вратат смртната казна на федерално ниво

103

Обединетите Нации ја критикуваа одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја врати смртната казна на федерално ниво по 25-годишен мораториум за извршување смртни казни.

Портпаролот на Канцеларијата за човекови права на ОН во Женева, Руперт Колвил, на брифинг рече дека одлуката на Белата куќа е во спротивност со меѓународниот тренд на укинување или наметнување мораториум на смртната казна.

ОН веќе долго време се противници на смртната казна. Постојат многу критичари и во САД, кои тврдат дека казната се извршува непропорционално врз малцинствата и сиромашни луѓе, јавија светските агенции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...