ОН: Путин и Ердоган можат да спречат крвопролевање во Идлиб

На 7 септември во Техеран претседателите на Иран, на Русија и на Турција ќе разговараат за состојбата во Идлиб. 

95

Специјалниот претставник на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мистура денеска изјави дека Русија и Турција можат да спречат крвопролевање во Идлиб.

– Сирија може да ја избегне најкрвавата битка до сега ако претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во брзо време разговараат за изнаоѓање на решение за ситурацијата во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците – изјави де Мистура.

Тој додаде дека разговорите меѓу Русија и Турција се од клучно значење за избегнување на напад врз Идлиб,

На 7 септември во Техеран претседателите на Иран, на Русија и на Турција ќе разговараат за состојбата во Идлиб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...