ОН предупредува: Британците без договор за Брегзит ќе изгубат 16 милијарди евра

255

Британците ќе изгубат 16 милијарди долари извоз во Европската унија и уште неколку милијарди долари извоз во други земји доколку се реализира Брегзит без договор.

Економистите на ООН во студијата објавена од Конференцијата за трговија и развој на ООН (УНКТАД) оценуваат дека губењето на повластениот пристап до „пазарот на ЕУ како резултат на Брегзит без договор“ ќе предизвика загуби на извозот од најмалку 16 милијарди долари, што претставува околу седум проценти од вкупниот извоз на Велика Британија во ЕУ.

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ беше одложувано неколку пати, со краен рок до 31 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...