Директорот на Обединети нации за хуманитарни операции Џон Гинд предупреди дека голема офанзива на сириската Влада врз последното големо бунтовничко упориште во северната провинјција Идлиб „има потенцијал да предизвика хуманитарна криза од досега невидени размери“ во седумгодишната граѓанска војна во Сирија.
Гинг ги повика земјите членки на Советот за безбедност „да направат се што можат за да се избегне тоа“.
Тој истакна дека во изминатите недели во Сирија поради бомбардирањето и гранатирањето „хуманитарната ситуација дополнително сериозно се влошила“.
Во провинцијата Идлиб, која граничи со Турција, живеат околу три милиони луѓе, а присутна е и Ал Каеда покрад сириските бунтовнички групи.