ОН: Од Триполи во Рим префрлени 149 бегалци, половина се деца

54

Обединетите нации соопштија дека 149 бегалци, од кои речиси половина деца, денеска безбедно се евакуирани од либиската престолнина Триполи во Рим.

Портпаролката на ОН, Фархан Хак рече дека тие биле префрлени од агенцијата на ОН за бегалци во Триполи, каде што поминале многу месеци во притворски центри во либискиот главен град во многу лоши услови.

Станува збор за бегалци од Еритреја, Сомалија, Судан и Етиопија.

Според Хак, многумина од нив се ненахранети и имаат потреба од медицинска помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...