ОН: Индија за десет години извлече од сиромаштија 271 милион луѓе

147

Индија извлече од сиромаштија 271 милион луѓе во периодот од 2006-2006 до 2015-2016 година, се наведува во последниот извештај на Обединетите нации.

Според извештајот, Индија регистрираше брза стапка на намалување на апсолутната сиромаштија на полето на мултидимензионалниот индекс на сиромаштија (МПИ).

Намалувањето на стапката на сиромаштија се мери со отстранување на недостатоците во десет параметри, вклучувајќи инфраструктура, гориво, санитарии и исхрана.

Сепак, и покрај некои големи промени во намалувањето на мултидимензионалната сиромаштија, 373 милиони Индијци се уште страдаат од акутна сиромаштија, а дополнителни 8,8 од населението живее во тешка мултидимензионална сиромаштија, додека 19,3 отсто од населението е подложно на мултидимензионална сиромаштија, се наведува во извештајот.

– МПИ укажува на голем напредок што Индија го направи во намалувањето на мултидимензионалната сиромаштија низ целата земја, исто така обезбедувајќи целосна слика за тоа кој е сиромашен, како осиромашил и каде живеат тие луѓе, изјави Шоко Нода, претставник на УНДП во Индија.

Според Нода, фактот што најсиромашните делови на земјата брзо ги изведуваат луѓето од сиромаштија ја покажува индиската заложба да обезбеди никој да не биде занемарен, во согласност со целите на Стратегијата за одржлив развој и владините приоритети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...