ОН: За три месеци, 54 пријави за сексуално злоставување

Организацијата на Обединетите нации во првите три месеци годинава примила 54 пријави за сексуално злоставување и експлоатација.

55

Организацијата на Обединетите нации во првите три месеци годинава примила 54 пријави за сексуално злоставување и експлоатација. Тие се однесуваат на целиот систем на ОН, како и на невладини групи што применуваат нејзини програми.

Фархан Хак, заменик портпарола ОН, денеска изјави дека 14 пријави се за однесувањето на припадници на мировните операции, 18 за службеници на агенции, фондови и програмите на ОН, а 21 се однесуваат на вработени во партнерските организации. Една пријава е против припадници на меѓународни сили, кои не се со ОН.

Според него, пријавите се однесуваат на 66 жртви, вклучувајќи и 13 девојчиња помлади од 18 година. Возраста на 16 жртви не позната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...