ОН го осудија Израел поради користење прекумерна сила врз палестинските протестанти

Генералното собрание усвои резолуција со 120 гласови „за“, осум „против“ и 45 воздржани.

46

Генералното собрание на ОН го осуди Израел поради користење прекумерна сила врз палестински цивили.

Тие побараа од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да предложи „меѓународен заштитен механизам“ за палестинската територија.

Генералното собрание усвои резолуција со 120 гласови „за“, осум „против“ и 45 воздржани. Резолуцијата ја предложија Алжир, Турција и Палестина откако САД искористија вето над слична реолуција во СБ на ОН во овој месец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...