ОН ги осуди убиствата како „грозоморни”, без да даде повеќе детали. Шесте жртви беа заробени на 28. октомври за време на нападот врз Ал-Фука. Градот се наоѓа јужно од пристанишниот град Сирт, поранешно упориште на ИД.
Нападот ја потврди нестабилноста во Централна Либија, каде ИД и други вооружени групи, вклучувајќи и некои од соседен Чад, дејствуваат како улични разбојници или напаѓаат патроли на самопрогласената Либиска национална армија.
Либија се наоѓа во хаос по бунтот од 2011 година и сега е управувана од ривалски влади, едната во источниот, а другата во западниот дел на земјата.