Телекомуникациската компанија оне.Вип од денеска станува А1 и го претставува новиот бренд на групацијата А1 Телеком Австрија. Компанијата го менува името, логото и изледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративна веб-страница, нови, модерни и софистицирани дигитални алатки. Слоганот е „Секој свој свет“, што за раководството на значи дека со своите корисници ќе прават нов свет.
– Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидфеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигитална ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд, со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесме оваа наша визија да стане реалност – рече на денешното претставување на новиот бренд Мислам Галер, извршен директор на А1 Македонија.
Со овој чекор, како што беше посочено на прес-конференцијата, компанијата влегува во едно поголемо семејство, а тоа за корисниците ќе овозможи врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура, која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.
По повод официјалната објава за промена брендот, А1 подготви изненадувања за корисниците.