Олимпиецот Том Далеј и неговиот сопруг, американскиот сценарист оскаровец Дастин Ленс Блек („Милк“) го добија својот прв син. Веста дека очекуваат бебе ја објавија во февруари, а сега објавија слика од детето.
Бебето се вика Роберт Реј, по покојниот татко на Роберт кој почина од тумор на мозок во 2011 година. Детето го родила сурогат мајка, а олимпиецот и сценаристот донирале сперма со која е оплодена сурогат мајката.
Британски „Индепендент“ објави дека тие двајца биле толку среќни, што веќе планирале и второ дете.