Оливија Њутн – Џон тврди дека ја опседнуваат духовите на две славни личности

Таа тврди дека се во прашање духовите на нејзините поранешни колеги Карен Крпентер и Џон Денвер.

689
Photo: EPA / WARREN TODA

Пејачката и актерка од Австралија и ѕвез­да­та на култниот мјузикл „Бри­ли­јан­тин“, Оливи­ја Њутн – Џон (70), изјавила де­ка ре­дов­но ја опседнуваат ду­хо­ви­те на две позна­ти лич­ности, и дека влијаат позитивно на нејзината ка­ри­е­ра.

Ак­тер­ка­та што се просла­ви со уло­га­та на Сенд во „Бри­ли­јан­тин“, из­ја­ви­ла де­ка духови­те се на неј­зи­ни по­чи­на­ти поз­на­ти при­ја­те­ли што „леб­дат“ око­лу неа до­де­ка таа нас­та­пува. Ду­хо­ви­те ѝ да­ва­ле на­со­ки и ја под­држу­ва­ле на се­кој неј­зин пер­фор­манс.

Оли­ви­ја тврди де­ка и двајца­та Ка­рен Карпен­тер, поз­на­та­та пе­јач­ка од гру­па­та „Карпен­терс“ ко­ја по­чи­на во 1983 го­ди­на и Џон Ден­вер, пе­ја­чот и тек­сто­пи­сец кој почи­нал во 1997 го­дина, се со неа на сце­на се­ко­гаш ко­га таа нас­та­пува.

Исто така, Оливија рекла дека во една прилика ја посетил духот на ќерката на нејзината пријателка која умрела многу млада.

– Оттогаш се покрај мене, заедно со моите родители, мојата сестра и како и многу мои пријатели кои го напуштија овој свет – рекла Оливија.

Таа поопширно за тоа пишувала во својата нова книга „Не престанувај да веруваш“ (Don’t Stop Believin).

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...