Оливер Змејковски од Виница, стана сопственик на најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија на РМ. Неговата добивка е вредна 1.712.603 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 26.10.2018 во Делта Бет Моцарт во Виница.
Змејковски открива дека ги сака игрите на среќа, па често сака да се забавува со нив. Ова е неговата прва голема добивка на која посебно се радува. Возбудено ни раскажа дека во моментот кога ја освоил МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката, првично не можел да поверува дека навистина тој ја освоил.
Додека тимот на Државна Видеолотарија му честиташе, тој ни раскажа и за својот план за трошење.Поголемиот дел од добивката, ќе ги орочи во банка, а со останатиот дел ќе го поднови својот дом. Оливер и во иднина ќе продолжи да се забавува со видеолотариските терминали на Државна Видеолотарија на Република Македонија.
Во петокот го добивме и најновиот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, прв за месец ноември. Добитникот кој сакаше да остане анонимен, на 02.11.2018 во Глобал Гејминг во Тетово, освои 1.341.853 денари.
Џек Пот добивките, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 156 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 231.645.676 денари. Покрај нив, освоени се и 24.662 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 155.581.745 денари.
МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.