Олег Телној е новиот генерален директор на САСА

234

Олег Телној од 17-ти мај е новиот генерален директор на рудникот за оволо и цинк САСА од Македонска Каменица.

Назначувањето на Олег Телној за нов генерален директор на САСА е дел од долгорочната стратегија за развој на САСА поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.

Новиот генерален директор на најголемата македонска рударска компанија е квалификуван инженер и искусен професионалец за финансиско и деловно управување во рударството, кој повеќе од 10 години извршувал одговорни задачи и функции во деловните операции на Централ Азија Металс. Тој на раководната позиција во САСА доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан, каде под негово раководство се постигнати одлични резултати.

– Моите првични импресии се дека рудникот САСА располага со навистина голем потенцијал за натамошен развој. Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во модернизација на рудникот, а постигнати се и значајни резултати во поглед на благосостојбата и безбедноста на вработените, како и во заштитата на животната средина, што остануваат наши клучни приоритети. САСА располага со искусен, стручен и посветен кадар и јас верувам дека преку заедничка соработка ќе ги оствариме сите поставени развојни цели на компанијата од што придобивки ќе имаат сите – изјави Телној, веднаш по стапувањето на функцијата.

Новиот генерален директор на САСА е дециден дека компанијата под негово раководоство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...