Олгица Наумовска избрана за претседателка на Холандско-македонската комора

Наумовска е директор на холандската ИТ компанија „ХСО ГлобалСервицес“ во Скопје.

523

Холандско-македонската стопанска комора на вчерашното собрание ја избра Олгица Наумовска за претседателка во наредниот мандат.

Олгица Наумовска е директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал
Сервицес“ во Скопје.

– Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании – рече Наумовска.

Комората има вкупно 54 членови, од кои 59% се холандски компании кои
имаат свои подружници во земјава.

– Особено во последните неколку години повеќе холандски фирми започнаа бизнис во Северна Македонија во областа на ИКТ и Business Process Outsourcing, вработувајќи стотици млади – рече Боб Смит, извршен директор на Комората.

На собранието беше избран и Дејан Иваноски како член на Управен одбор.Тој е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс“ во Скопје.

За неговата 10-годишна поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафасхион“
во Кочани, беше награден со првиот почитен членство во историјата на
Комората.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...