Октомврискиот саем за мебел ќе се одржи во ВИП Борис Трајковски

Од Скопски саем, кој е организатор на оваа саемска манифестација, најавуваат дека вкупниот изложбен простор ќе биде 8.000 метри квадратни. Покрај просторот во ВИП Арената, надвор ќе бидат поставени и монтажни изложбени објекти.

130

Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 5 до 10 октомври во комплексот на ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Од Скопски саем, кој е организатор на оваа саемска манифестација, најавуваат дека вкупниот изложбен простор ќе биде 8.000 метри квадратни. Покрај просторот во ВИП Арената, надвор ќе бидат поставени и монтажни изложбени објекти.

– Учество на саемот најавија најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти – велат од Скопски саем.

Саемот на мебел е еден од најпосетуваните манифестации кој традиционално е посетен од околу 50.000 посетители.

Покрај Саемот на мебел, од 24 до 28 октомври ќе се одржи и „Технома“ заедно со Саемот на градежништво и „Реалекспо“ во комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...