Околу 94 отсто од децата во Бугарија секојдневно се на интернет

43

Речиси сите деца во Бугарија, односно 94 отсто, се онлајн секој ден, соопшти Георги Апостолов од Центорот за безбеден интернет на конференција во Софија.

Над 50 отсто деца на возраст од седум години веќе се со профили на интернет додека лани, имало регистрирано 4.096 случаи на детска порнографија, пренесува весникот „Труд“.

Се зголемуваат и неточните податоци за возраста на интернет – 40 отсто од децата меѓу 12 и 14 години веќе имаат профили и секој може да прими информација од нив. Четириесет и осум отсто од тие деца, како и нивните родители не разликуваат вистина од лага на интернет. Над 30 отсто од снимките со детска сексуалност се направени од самите деца, објави весникот.

Законот за кибербезбедност во Бугарија се очекува да влезе во Собранието на разгледување во текот на оваа недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...