Околу 60 отсто од Русите бараат промени во земјата, бирократи и владини претставници баш и не сакаат

Меѓу оние кои најмалку сакаат промени се посочуваат владините претставници и бирократите – 69 проценти од испитаниците, олигарсите и големите бизнисмени – 67 проценти, поддржувачите на претседателот Владимир Путин – 25 проценти.

376
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Речиси 60 проценти од луѓето во Русија бараат значителни промени во земјата, а повеќето од нив како главна причина ги наведуваат сериозните промени во политичкиот систем, пренесува „Ведомости“ податоци од  заедничко истражување на центрите „Карнеги“ и „Левада“ во Москва.

Според анкетата, процентот на жителите во Русија кои сакаат решителни промени во својата земја се зголеми од 42 на 59 за две години. За незначителни промени се изјасниле 31 процент, додека 8 отсто не сакаат никакви промени.

Од анкетираните, 53 проценти сметаат дека посакуваните реформи се можни само со големи промени во политичкиот систем, а 34 проценти се согласни на промени со задржување на сегашниот систем.

Меѓу оние кои најмалку сакаат промени се посочуваат владините претставници и бирократите – 69 проценти од испитаниците, олигарсите и големите бизнисмени – 67 проценти, поддржувачите на претседателот Владимир Путин – 25 проценти.

Само 16 проценти од анкетираните веруваат дека Путин може да предложи атрактивен план за промени, 9 проценти веруваат дека тоа може да го направи лидерот на руските либералдемократи Владимир Жириновски, а 5 проценти велат дека тоа ќе го стори лидерот на комунистите, Генадиј Зјуганов.

По 3 отсто во таа улога ги гледаат опозиционерот Алексеј Навални и министерот за одбрана Сергеј Шојглу.

Анкетираните забележуваат дека најнеопходна промена во Русија треба да се направи во однос на зголемување платите и животниот стандард – 24 проценти од гласовите. На второ место, со 13 проценти, се посочува смена на Владата и претседателот.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKIY /SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...