Околу 500 бизнисмени и Жбогар половина час ги чекаат Заев и Ципрас

1278

Околу двесте претставници од големи и средни грчки компании и 250 сопственици на македонски компании, половина час ги чекаат македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас да се појават во „Александар Палас“ на Бизнис форумот.

Со нив, седнат на столче стрпливо чекаат неколки македонски министри и евроамбасадорот Самјуел Жбогар.

Официјално, нема информации на што се должи оваа доцнење, но веројатно времето предвидено за заеднички ручек на премиерите не им било доволно, па си „зеле“ дел и од времето на бизнисмените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...