Околу 50.000 луѓе денеска протестираа против мафијата во Падова, на денот на сеќавање на жртвите на организираниот криминал во јужниот дел на Италија.
Денот на сеќавање на невините жртви на мафијата се одбележува од 1996 година, а централното одбележување годинава се одржа во Падова.
Мафијашките организации се еден од најголемите проблеми во животот во Италија.
Илјадници млади луѓе и претставници и членови на различни здруженија денеска пристигнаа во Падова од повеќе италијански градови, каде беа прочитани имињата на 111 жртви на мафијата.
На протестите им се приклучи и италијанскиот државен антимафијашки и антитерористички обвинител Федерико Кафиеро де Рахо.