Околу 3.000 џихадисти се предадоа во источна Сирија

97

Околу 3.000 џихадисти им се предале вчера на Сириските демократски сили што се поддржани од САД во источниот дел од Сирија.

Таму бомбардирањата продолжија во крајот на вчерашниот ден врз последната енклава под контрола на ИД.

Од „калифатот“ прогласен од џихадистите во 2014 година, во територии на Сирија и на Ирак, сега останува само мал сектор околу селото Багуз близу границата со Ирак. Преземањето на таа енклава ќе стави крај на „калифатот“ и тоа ќе биде од големо значење за Сириските демократски сили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...