
Секоја година околу 20 отсто од храната произведена во ЕУ завршува на отпад, што е социјално, еколошки и економски неприфатлива штета.
За да може да се делува врз ова потребни се повеќе податоци за фрлањето на храната отколку што се достапни сега, наведува Европската комисија.
„Фрлањето на храната е неприфатливо во свет во кој милиони луѓе гладуваат и во кој се намалуваат нашите прирдни ресурси, кои овозможуваат живот. Токму затоа ја дефиниравме превенцијата на фрлање на раната како клучен приортет во создавањето на во создавањето на кружна економија и одржливо општество. За да можеме да го промениме тoa, треба да бидеме во можност да го измериме губењето на храната“, рекол првиот потпретседател на Комисијата ФРанс Тимерманс.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Unsplash