Околу 2.000 диви свињи се заразиле од африканска свинска треска (АСФ) во Унгарија откако болеста била откриена во земјата во април 2018 година, изјави денеска главниот ветеринарен инспектор Лајош Богнар.
Богнар рече дека бројот на заразени области се зголемил до крајот на летото и дека се очекува уште две области да бидат прогласени за заразени во централна и источна Унгарија.
– Стотици диви свињи настрадаа во септември од вирусот во паркот Будакеж кај Будимпешта – рече Богнар