Околу полноќ ќе се знаат новите пратеници во Европскиот парламент

За пратеници во ЕП денеска гласаат во Хрватска, Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија во Унгарија.

137
ФОТО: EPA / EVERT ELZINGA

Во поголемиот дел од Европската унија, денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент.

За пратеници во Европскиот парламент денеска гласаат во Хрватска, Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија во Унгарија.

Европските избори веќе се одржаа во четвртокот во Холандија и Велика Британија, во петокот, Ирците и Чесите гласаа, а вчера  Чесите (втор ден), Летонците, на Малта и во Словачка.

Резултатите од секоја земја-членка ќе бидат објавени вечерва по затворањето на последното гласачко место во Европа, со затворање на изборите во Италија во 23 часот.

Европските избори се исто така почеток на изборниот процес за нови водечки позиции во ЕУ и се одржуваат на секои пет години паралелно во сите земји-членки на Унијата.

Изборите се одржуваат врз основа на националните изборни закони, што резултира со разлика во денот на гласањето, најниската возраст на гласачите и кандидатите, како и нивото на цензус.

Изборите се задолжителни во Белгија, Бугарија, Грција, Луксембург и Кипар, каде што се евидентирани највисоките стапки на излезност во Европа.

Европскиот парламент, барем на почетокот, ќе има 751 пратеник.

Пратениците се избираат пропорционално – Малта или Луксембург имаат по 6 пратеници, додека најголемиот дел пратеници се од Германија (96) и Франција (74).

Велика Британија повторно ќе има 73 места во парламентот во Брисел до крајот на процесот на ратификација на повлекување од ЕУ. По брегзит, бројот на пратеници во Европскиот парламент се планира да се намали на 705, со 27 места кои ќе се распределуваат во други земји-членки.

Последните проценки се дека моментално најголемата Европска народна партија (ЕПП), и покрај падот од сегашните 217 места, ќе остане најбројна со очекувани 180 пратеници. Социјалдемократите (СД) доаѓаат од 149 пратеници (во споредба со 188 од сегашните), Сојузот на либерали и демократи (АЛДЕ) со 76 и Зелените со очекувани 57 места во новиот Европски парламент.

Еден ден по европските избори, почнуваат преговорите за формирање парламентарни групи.
Парламентарната група може да има најмалку 25 пратеници од најмалку една четвртина од земјите-членки.

Според непишаното правило прифатено минатата година, групата што добива најмногу места во Европскиот парламент треба да го предложи првиот од својата листа за иден претседател на Европската комисија. Одлуката за назначување треба да биде донесена на крајот од јуни на состанокот на Европскиот совет, а потоа да биде ратификувана во Европскиот парламент.
Новата Европска комисија треба да ја преземе функцијата на почетокот на ноември 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...