Оклахома: Експлозија во фабрика за производство на хартија

33
ФОТО МИА

Властите на округот Маскоуги во Оклахома соопштија дека доцна синоќа биле забележани експлозија и пожар во фабриката за производство на хартија  „Џорџија- Пацифик“ во истоимениот град во северниот дел на таа американска сојузна држава.

Зградата била евакуирана и сите вработени од компанијата биле на број, информираат американски медиуми.

Се наведува и предупредувањето на властите до граѓаните да го избегнуваат местото на несреќата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...