Канада е на прво место на ранг листата на најобразовани држава во светот, составена од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), мерејќи го нивото на образование на возрасни во 36 земји-членки на таа организација.
Според ОЕЦД, над 56 oтсто од возрасните канадски државјани стекнале некој вид образование по средното училиште.
ОЕЦД нивото на образованост на државата, го изрази како процент од возрасното население, на возраст меѓу 25 и 64 години, кои завршиле некој вид терцијарно образование, односно се стекнале со диплома на двегодишни или четиригодишни студии или стручна специјализација.
Надвор од Канада, на второ место е Јапонија со 50,5 проценти од возрасните со вишо и високо образование, по што следи Израел (49,9 проценти), Јужна Кореја (46,86 проценти) и Обединетото Кралство со 45,96 отсто се најде на петто место.
САД, и покрај фактот дека повеќе Американци посетуваат колеџ повеќе од кога било досега и што државата доминира на ранг листите на најдобрите универзитети во светот, го заземаа шестото место меѓу најобразованите држави.
Според ОЕЦД, 45,7 проценти од возрасните Американци на возраст од 25 до 64 години завршиле некој вид на високо образование.
На седмо место е Австралија со 43,74 отсто од дипломирани студенти, осма е Финска (43,6 отсто), по што следи Норвешка (43,02), а листата на првите 10 образовани државата ја заклучува Луксембург со 42,86 отсто од возрасните граѓани кои имаат стекнато образование од трет степен.